Благодарение на вредните царински службеници, беше спречен обид за шверц на видео игри во континентална Кина.
Од Кина ни доаѓа сигурно необична вест, како направена за рубриката „Верувале или не“. Поточно, од граничниот пункт Лиантанг (Гуангдонг), каде пред извесно време се случи комичен обид за шверц.
I don't even know how this lady managed to put over 300 #Nintendo Switch games in her bra. I wonder if her breasts looked like Lara Croft's polygon boobs in the original Tomb Raider. https://t.co/4H3A7h5nVF #NintendoSwitch
— レモン投げポテトエイリアン (@vamp21) June 16, 2024
Имено, како што пренесува канадскиот портал Tom’s Hardware, непозната патничка се обидела да прошверцува дури 350 игри за Nintendo Switch во континентална Кина, кои генијално ги сокрила во градник. Но, дотичната очигледно не сметала на пожртвуваноста на цариниците кои лесно го забележале нејзиното нервозно однесување и невообичаено бујните гради, па решително ја издвоиле на подетален преглед, што и ги измешало плановите.
Покрај тоа што споменатите видеоигри (инаку вредни десетици илјади долари) се секако одземени, младата госпоѓа најверојатно нема да заврши зад решетки. Наместо тоа, таа најверојатно ќе треба да плати само парична казна што нема да ја надмине трикратната сума на давачката што би требало да ја плати доколку не се обидела да ги прошверцува.
Не се знае точно за кои игри на Nintendo Switch станува збор.