Google се обидува да ја поправи својата функција AI Overviews.
Откако новата функција AI Overviews на Google беше „фатена“ како дава бесмислени и погрешни одговори на прашањата за пребарување по лансирањето, технолошката компанија се обидува да ги поправи своите прегледи за пребарување генерирани од вештачка интелигенција.
Исто така, се чини дека Google дава резултати со вештачка интелигенција на многу помалку корисници, што сигнализира барем привремено оддалечување од технологијата. Пред промената, според новата студија на SEO компанијата BrightEdge, AI Overviews прегледи се појавија како одговор на околу 84 проценти од прашањата. Сега таа бројка драстично се намали, на околу 15 отсто од истрагите.
„Веројатната причина е да се намали ризикот од неточни одговори на вештачката интелигенција бидејќи се прават подобрувања во јавно опкружување“, се вели во студијата.
AI Overviews се со поголема веројатност да се појават ако го поставите вашето пребарување како прашање, според истражувањето, и поверојатно е дека ќе бидат активирани од клучни зборови поврзани со здравствената заштита.
Сепак, уделот на вештачката интелигенција во резултатите од пребарувањето не се очекува да стагнира.
That’s a pretty major drop in AIO in recent days.
I expect Google to start ramping this up more over time as they’re able to improve the product. This is why I think drawing conclusions about current impacts of AIO might not prove to be accurate over time.
Especially… https://t.co/HyQfyGZNIf
— Lily Ray 😏 (@lilyraynyc) June 4, 2024
„Очекувам Google да почне да го зголемува ова со текот на времето бидејќи ќе може да го подобри својот производ“, рече SEO експертот Лили Реј.