Шведскиот конгломерат Embracer Group брзо стана омразен во индустријата за видео игри.
Во претходните години, тие купија куп франшизи и студија, објавија многу просечни игри, а потоа продолжија со затворање на тимовите што ги презедоа.
Saints Row, BioMutant, Evil Dead: The Game, South Park: Snow Day и Alone in the Dark се само неколку од игрите што издавачите на Embracer ги објавија со просечни до разочарувачки резултати. Имаше и успешни, како што се Dead Island 2 и Remnant 2, но во помал број.
Embracer потоа реши да се реструктуира, продавајќи ги Gearbox Entertainment и Sabre Interactive и фискалната година што завршува на 31 март 2024 година ја заврши со 27% помалку вработени.
Тие исто така потврдија дека биле принудени да откажат дури 80 игри што ги имаа во развој во текот на изминатата година.
Не навлегоа во детали кои игри се откажани, а повеќето од нив и онака не беа ни најавени. Веќе знаеме дека една од нив била од серијата Deus Ex, а Embracer вели дека во иднина повеќе ќе се фокусираат на нивните најпознати серијали.
Тука паѓаат Darksiders, Dead Island, Tomb Raider, Metro, The Lord of the Rings, Kingdom Come: Deliverance, Deep Rock Galactic, Remnant, Satisfactory, Wreckfest и Killing Floor.