Неодамна пејачката Тејлор Свифт беше во центарот на вниманието поради лажни експлицитни видеа, а сега измамниците пронајдоа нова жртва.
Станува збор за актерка Џена Ортега, чија слика се користела во реклами на платформите Инстаграм, Фејсбук и Месинџер.
Овие реклами, создадени од вештачка интелигенција, користат фотографија од Џена Ортега која е „заматена“, и нудат можност да се пресоблече, па дури и да биде целосно гола. Работата да биде уште полоша, користена е фотографија од неа направена кога имала само 16 години.
Според NBC News, за ова е одговорна апликацијата Perky AI, развиена од компанијата RichAds, а во чиј опис на продавниците е наведено дека служи за „создавање суперреалистични или измислени ликови“, со напомена дека ова вклучува слики од NSFW („не е безбеден за работа“ – обично значи сексуално експлицитни прикази).
Мета ја суспендираше страницата Perky AI, бидејќи 260 уникатни реклами се веќе објавени на платформата од септември – оние со ликот на Ортега, наводно, објавени во текот на месец февруари.
Се чини дека Perky AI е отстранета од продавницата за апликации на Apple и Google Play, а Apple изјави за NBC дека апликацијата е отстранета на 16 февруари, бидејќи веќе била под истрага.