Откако Apple објави дека ќе овозможи продавници за апликации од трети страни за корисниците на iOS во Европската унија, Epic Games соопшти дека го враќа Fortnite.
Популарната видео игра се враќа на iPhone и iPad во Европа, а ќе биде достапна преку новата продавница за мобилни игри Epic. Ова ќе го означи официјалното враќање на титулата на платформите на Apple, откако беше пензионирана во август 2020 година.
Да потсетиме, во тоа време Epic нудеше попусти за плаќање директно во сопствената продавница, наместо во продавниците на Apple и Google, поради што беа „избркани“ од овие платформи.
Fortnite прави големо враќање на iOS во Европа благодарение на новиот Закон за дигитални пазари на ЕУ, кој стапува на сила на 7 март. Тој закон им дозволува на програмерите да примаат плаќања и да дистрибуираат апликации надвор од App Store.
Иако претстојните промени ќе им овозможат на Epic Games повторно да заработуваат пари од корисниците на iOS, барем во Европа, основачот и извршен директор Тим Свини „ја повика“ компанијата од Купертино за, како што рече, „новите такси за преземања и даноците на она што не го прават“.