Платформата Х, порано позната како Твитер, имаше необичен проблем во четвртокот рано наутро.
Платформата X, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, беше во прекин околу еден час рано наутро во четвртокот.
Во мобилните апликации, timeline-от не можеше да се освежи, додека на веб се појавуваше пораката „Welcome to X! This is the best place to see what’s happening in your world. Find some people and topics to follow now“.
Глобалните детектори за интернет сообраќај, вклучително и DownDetector.com, пријавуваат значителен пад на активноста и извештаите за проблеми за X од корисниците.
Во овој момент повторно е можен пристап до временската линија на X платформата, но причината за проблемот се уште не е позната.
Сопственикот на платформата X, Илон Маск, кој е многу активен на оваа социјална мрежа, се уште не се изјаснил за проблемите со кои се соочил Х утрово.