Diem наместо Libra, криптовалутата која ја поддржува Facebook има ново име за да ја нагласи својата независност од американската компанија.

Преименувањето е дел од реорганизација во поедноставна структура, рече во вторникот извршниот директор на Diem Association, со седиште во Женева, Стјуарт Леви, јави Ројтерс.

Дием, што на латински значи ден, треба да стане дигитална паричка поврзана со доларот. Леви не посочи кога ќе биде промовирана. Прво, мора да се добие одобрение од швајцарските надзорни органи. Facebook сè уште е „важен член на здружението“ кое брои 27 члена, рече Леви, пренесува Индикатор.ба.

Промената на името има за цел да се нагласи дека здружението Diem „дејствува самостојно и независно“, додаде тој.

Diem се обидува да се разликува од другите даватели на крипто-услуги преку решавање на прашања важни за регулаторите и западните влади – вклучувајќи контрола на прекршоците и финансискиот криминал, рече Леви.

Со своите планови за сопствена дигитална валута, Facebook ги повика владите, супервизорите и централните банки ширум светот да преземат нешто. Во април, здружението „Либра“ во Швајцарија аплицираше за одобрување како платежно средство. Сепак, многу влади имаат резерви да дозволат Facebook да навлезе во финансискиот сектор со дигитална валута. Поради напредокот на криптовалутите, Европската централна банка (ЕЦБ) сега размислува да создаде „дигитално евро“.