Словенечката влада го стопираше воведувањето на 5G технологија, пренесуваат медиумите во регионот.

Владата на Словенија ја симна од дневен ред Стратегијата на Регулаторната агенција за комуникациски мрежи и услуги  (АКОС) за доделување фреквенциски спектар за 5G на предлог на министерот за администрација, Руди Медведев.

Тој за словенечките медиуми изјави дека прашањата за штетноста на 5G технологијата се легитимни.

Словенија е првата земја во светот што има уставно заштитена вода како човечко право и јавно добро, со што се обезбедува нејзините извори на вода за пиење, како можеби најважниот стратешки ресурс, да останат национално добро.

И Швајцарија, исто така, го одложи воведувањето на 5G пред неколку дена по низата протести минатата година.