Microsoft ги повика производителите на лаптопи, компјутери и периферни уреди да ги редизајнираат своите тастатури и да додадат едно ново копче.
Според извештаите, ИТ гигантот им препорачува на производителите да додадат копче за лансирање на апликацијата за вештачка интелигенција (AI) Copilot.
Microsoft планира договори за лиценцирање со производители, како што се Dell, Lenovo, HP и други, за да се овозможи имплементација на поддршка за апликации за вештачка интелигенција.
Новото копче за AI четбот треба да биде лоциран веднаш до space копчето, ќе пишува Copilot и ќе го означи почетокот на кампањата во она што се верува дека е многу конкурентна година за компаниите кои се натпреваруваат на пазарот на вештачка интелигенција.
Копчето Copilot ќе го замени традиционалното копче од менито, а каде што Copilot не е достапен, ова копче ќе се стартува при Windows пребарувањето.
Google најпрво експериментираше со своето копче за вештачка интелигенција на Chromebook уредите, кои повикуваат гласовен асистент.