Sony објави неколку интересни статистики, кои покажуваат кои игри биле најпопуларни во текот на 2023 година.
Сосема очекувано, Fortnite и FIFA 23 беа меѓу првите три најиграни наслови во повеќето земји, а потоа следува Call of Duty.
Целосен преглед на Топ 3 најиграни титули за секоја земја е достапен овде. На листата ги нема сите земји, па така ги нема ни државите од регионот.
Јапонија: Apex Legends, Genshin Impact и Fortnite.
Велика Британија: Fortnite, EA SPORTS FIFA 2 и Call of Duty.
САД: Fortnite, Call of Duty и Grand Theft Auto V.
Во најголемиот број региони, Fortnite е на врвот, а бидејќи е бесплатна игра, ова не е изненадување.
Од друга страна, FIFA 23 е изненадување со оглед на тоа што се работи за игра со цена од премиум сегментот. И покрај ова, играта беше меѓу трите најиграни на 19 од 24 пазари опфатени со анализата.