Valve објави нов patch за видео играта Counter Strike, две децении по нејзиното објавување.
Класиката меѓу игрите со пукање, Counter-Strike: Condition Zero, беше претставена на јавноста во 2004 година. Сега, малку неочекувано, доби ажурирање. Иако не е баш најпопуларната видео игра CS, сепак има што да им понуди на фановите.
CS: Condition Zero на некој начин наведе што можеме да очекуваме од следните игри во франшизата. Станува збор за кампања за еден играч во која тактичката игра која ја прослави целата серија е „недопрена“, а до неодамна се чинеше дека Valve заврши со ажурирања.
Последниот patch, пред овој, излезе во 2020 година, а пред тоа обично имаше по едно мало ажурирање секоја година. Најзначајната промена е поддршката за промените на „engine“ направени за Half-Life patch објавена по повод 25-годишнината.