Новиот дел од серијата Football Manager не направи револуција во менаџерските симулации, но FM 24 не е ништо помалку интересен поради тоа.
Играчите, како и досега, покрај тактиката и емоциите на играчите, мора посебно да внимаваат и на буџетите на своите клубови, бидејќи тие се клучни за доведување на нови играчи. Посебниот шарм е кога ќе земеш тим од пониските лиги, а потоа го водиш до самиот врв, но и за тоа со тек на време ти требаат се повеќе пари.
Од друга страна, ако претпочитате веднаш да земете клуб кој е во стабилна финансиска ситуација, еве брз преглед на трите клуба кои имаат најголеми буџети во Football Manager 2024.
3. Манчестер Сити
Стандардно богат, клубот од синиот дел на Манчестер добива буџет од 42 милиони фунти на почетокот на натпреварот.
Во реалниот живот, чантата на сопственикот на „Небесносините“ веројатно нема дно, но со оглед на тоа што имате горе-долу се што ви треба во овој тим, почетната главнина не звучи толку лошо.
2. Ливерпул
Како еден од најдобрите клубови со кој може да ја започне новата сезона, Ливерпул е сигурен избор за оние кои прв патуваат со оваа видео игра, со буџет од 75 милиони фунти.
Летово, средниот ред претрпе вистински ремонт со оглед на тоа што повеќето од неодамнешните првотимци си заминаа, но затоа дојдоа играчи како Собослај, Мекалистер и Гравенберх. Ако сепак сакате да додадете или одземете нешто, имате многу пари за тоа.
1. Брајтон
Верувале или не, Брајтон е клубот со најголем старт-ап буџет на FM24 – 81 милион фунти ве чекаат во касата. Популарните „галеби“ сега имаат познат скаутинг сервис, благодарение на кој веќе неколку години се еден од најинтересните тимови за гледање во англиската Премиер лига.
Ако ја започнете сезоната со нив, бидете внимателни, бидејќи ако не ја испланирате добро трансфер политиката, брзо може да останете без пари – нивните куфери се поплитки од Саудијците.