Apple следната недела ќе одржи дигитален настан, во текот на кој се очекува компанијата да се фокусира на Apple Watch и iPad уредите. Паметниот часовник на Apple добива нова верзија секоја година, но овој пат се очекува дека компанијата би можела да претстави два нови модела, од кој едниот би бил подостапна опција.

Дојавувачот Jon Prosser објави некои информации за овој поевтин паметен часовник. Според наводите, поевтиниот модел ќе има дизајн што е сличен на Apple Watch Series 4, кој беше претставен во 2018. година, а има помали рамки и поголем екран.

Се истакнува и дека поевтиниот Apple Watch ќе пристигне во двете вообичаени големини – 40mm и 44mm, ќе има GPS и Celular варијанти како и сите останати Apple Watch модел. Најголемата разлика ќе биде во недостатокот на ECG функцијата, а нема да има ни always-on дисплеј.

Prosser истакнува нешто интересно за новите часовници, а тоа дека интерно се нарекуваат Apple Watch и Apple Watch Pro. Повеќе детали се очекуваат во текот на следната недела.