Доколку честопати сте посакувале да имате домашен миленик, а не сте можеле од разни причини, можеби ќе ве развесели роботот-перница на јапонската компанија Yukai Engineering,  кој мавта со опашот додека го галите. Роботот-перница се вика Qoobo, мек е, тркалезен и има опаш кој реагира на допир, баш како кај животните. Јапонците веруваат дека Qoobo може да служи како антристрес терапија за луѓето коишто живеат сами, за деца и за постари лица.

„Лесно е да се користи. Само погалете ја перницата и набљудувајте како ви ја возвраќа љубовта со мрдање со опашто. Притоа, овој миленик е одговорен, не гребе и нема никогаш да ве напушти“ велат од компанијата Yukai Engineering.

Перницата Qoobo ќе чини ооколу 100 долари, а на пазарот доаѓа во јуни 2018 година. Перницата ќе има батерија која ќе трае 8 часа, а ќе се полни преку USB кабел. Qoobo ќе биде достапен во сива и беж боја. Јапонците се радуваат на наовата перница, особено тие што сакаат мачки, а се алергични на нив.

Извор: Klix.ba