PlayStation 5 беше објавен пред три години, а Sony истакнува дека има голем број на игри за актуелната конзола.
Компанијата Sony ја започнува својата претпразнична кампања, уверувајќи ги играчите дека има повеќе од 2.500 игри за PlayStation 5.
Според компанијата, тоа е најдобрата постава на игри во историјата на PlayStation.
Новата промотивна кампања има ознака „Feel it now“, а Sony има големи ветувања за гејмерите. Како изгледа сето тоа погледнете во придружното видео.