Јужнокорејската компанија издаде официјално соопштение за гласините кои сугерираат производство на поевтини телефони што се виткаат.
Неодамна се појави интересна гласина, која сугерира дека Samsung подготвува подостапен свитлив телефон, кој ќе биде претставен следната година. За овој телефон се споменуваше цена помеѓу 400 и 500 долари.
Уште од самиот почеток делуваше многу оптимистички, особено кога станува збор за цената. Сепак, Samsung сега и официјално објави дека тоа сепак нема да се случи.
Според јужнокорејско издание, Samsung вели дека нема планови да произведува телефон со склопување од средна класа, отфрлајќи ги гореспоменатите гласини.
„Немаме планови да произведуваме виткачки телефони кои се во ценовниот опсег од средната класа, така што тие гласини се неосновани“, изјави претставник на Samsung Electronics.
Ова значи дека Motorola, со своите телефони Razr 40 / Razr 2023, останува сама во сегментот од средната класа. Razr 2023 првично беше лансиран по цена од 700 долари, а сега може да се купи за 500 долари.
Samsung вели дека засега ништо не е одлучено за тоа дали компанијата во одреден момент ќе објави FE верзија на своите свитливи телефони.
Поврзани артикли