Apple неодамна ја претстави серијата iPhone 15, а американската компанија ги објави и цените за поправка на моделите од оваа серија.
Замената на задниот дел на моделите iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max ќе чини многу поевтино отколку замена на истата компонента во претходникот. Ќе чини 170 долари за Pro моделот или 200 долари за Pro Max. Потсетуваме дека цените за замена на стаклената обвивка на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro се 500 долари, односно 550 долари.
Кога станува збор за обичните модели, замена на стаклото на iPhone 15 ќе чини 170 долари, додека истата работа на iPhone 15 Plus ќе чини 200 долари. Ова се исти цени како и минатогодишните модели на iPhone 14 и iPhone 14 Plus.
Замената на батериите за сите модели е 99 долари.
Замената на системот на задната камера за iPhone 15 Pro Max чини 249 долари, а iPhone 15 Pro чини 219 долари. Истата зделка за iPhone 15 и iPhone Plus е по цена од 169 долари.
Замената на предното стакло за iPhone 15 Pro Max чини 379 долари. Ако го оштетите предното стакло на вашиот iPhone 15 Pro и сакате да го замените, тоа ќе ве чини 329 долари. Истото чини и замена на предното стакло за iPhone 15 Plus, додека цената за iPhone 15 е 279 долари.
Целосната замена на предната и задната страна за iPhone 15 Pro Max чини 499 долари, исто како и iPhone 15 Plus. За iPhone 15 Pro целосната замена е 429 долари, додека за обичниот iPhone 15 цената е 399 долари.
Имајте предвид дека ова се цени за корисници кои не се запишани во програмата AppleCare+.