Netflix ја објави листата со филмови за 2022 година и соопшти дека ќе има барем еден нов оригинален филм секоја седмица.

Стриминг-гигантот векендов откри кои филмови ќе бидат достапни и се чини дека фановите ќе има на што да се радуваат, всушност списокот вклучува 86 филмови, од кои 66 се англиски, а останатите 22 се меѓународни филмови од Франција, Индија и Кореја.

Насловите варираат од пулсирачка акција со Рајан Гослинг и Крис Еванс во The Gray Man („Сивиот човек“) или епска научнофантастична авантура со Хали Бери во The Mothership („Мајчинство“). Тука е и продолжението на крими-драмата на Рајан Џонсон Knives Out („Нож во грб“) со Даниел Крег како детектив.

Целата листа на филмовите кои ќе може да се гледаат на Netflix оваа година, поделена по категории и објаснување за секој филм посебно, е достапна на овој линк.