C25K е бесплатна апликација за iOS и Android која е направена за да ве натера да станете од кревет и да почнете да трчате, а крајната цел е да влезете во форма.
Целта на оваа апликација е за 8 недели да ве доведе во физичка форма со која ќе можете дури и да се натпреварувате на маратон. C25K постепено ќе го зголемува интензитетот на трчање и ќе ви дава совети за поголема издржливост, а ваша задача ќе биде само да ги следите чекорите кои ги предлага апликацијата.
Најдопадлив дел од апликацијата е едноставниот интерфејс, кој е дизајниран на тој начин да биде лесен за употреба и за снаоѓање во него. На средина од апликацијата има тајмер кој ќе ви покажува уште колку време ви останува од дневната сесија на трчање, а притоа ќе добивате и гласовни команди за кога ќе треба да го зголемите интензитетот на трчање или пак да почнете со одење.
Поврзани артикли