OpenAI е обвинет за незаконско собирање лични податоци на корисниците и е привремено забранет во Италија.
Регулаторното тело во Италија издаде извршна забрана за четботот за вештачка интелигенција ChatGPT. Креаторот на оваа услуга, компанијата OpenAI, е обвинета за незаконско собирање лични податоци на корисниците
На OpenAi му е наредено веднаш да престане да собира податоци за корисници во Италија, додека не ги прилагоди своите практики за собирање податоци на законите во Европската унија.
GPDP, кое е италијанско тело за заштита на личните податоци, објави соопштение во кое посочува дека компанијата OpenAI не ја исполнува правната основа која го оправдува масовното собирање и складирање на лични податоци со цел да го обучи ChatGPT.
Ова не е првпат Италија да презема такви акции против чет-бот со вештачка интелигенција. Во февруари, регулаторот ја забрани апликацијата за разговор Replika.ai, која беше позната по некои корисници кои развиваат лични односи со четботот, а компанијата неодамна ја отстрани опцијата за еротски игри со четботот.
Од GPDP посочуваат дека компанијата OpenAI има рок од 20 дена да ги спроведе мерките и да ги исполни барањата на регулаторот, во спротивно може да се соочи со казна од 20 милиони евра.