За време на MWC во Барселона, HONOR ја објави својата dual-flagship стратегија и го најави глобалното лансирање на серијата HONOR Magic5 и флексибилниот телефон HONOR Magic Vs.
HONOR Magic5 Pro е украсен со систем за тројна камера Star Wheel, кој е централно поставен на задната страна на уредот.
Телефонот има 6,81-инчен LTPO екран, со технологија за подобрување на осветленоста на екранот која ја зголемува осветленоста на екранот до 1800 nits. Екранот има посебен чипсет (Discrete Display Chipset) за подобрување на визуелниот квалитет на подвижните слики.
Magic5 Pro е опремен со комбинација од три главни камери: широкоаголна камера од 50 MP, ултра широк агол од 50 MP и телефото камера од 50 MP. Телефонот е украсен со бројни технологии за напредно фотографирање и снимање видео.
Се напојува со мобилната платформа Snapdragon 8 Gen 2 и поддржува 66W жичено и 50W безжично полнење HONOR SuperCharge батерија со капацитет од 5100mAh.
Кога станува збор за софтверот, тука е најновиот интерфејс MagicOS 7.1 кој се базира на оперативниот систем Android 13.
This is a device that has been designed based on insights about YOU. #UnleashthePowerofMagic with the all-new #HONORMagic5 Pro. From the floating display to computational photography to super large battery, and more! #HONORMWC2023 #MWC23 #Snapdragon pic.twitter.com/4m4fiWfBdA
— HONOR (@Honorglobal) February 27, 2023
Стандардниот HONOR Magic5 е сличен на моделот Pro, со малку намалени карактеристики. Дисплејот е нешто помал и има големина од 6,73 инчи, со осветленост од 1600 нити.
Камерите на задната страна имаат главен сензор од 54 MP, ултра широк сензор од 50 MP и телефото сензор од 32 MP. Чипсетот е ист – Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2.
Телефоните се разликуваат во сегментот на меморијата. Magic5 Pro има 12 GB LPDDR5X RAM и 512 GB простор за складирање UFS 4.0, додека Magic5 користи комбинација од 8 GB/256 GB. Исто така, стандардниот Magic5 не поддржува безжично полнење.
Конечно, Magic5 серијата телефони е заокружена со HONOR Magic5 Lite. Украсен е со заоблен AMOLED екран од 6,67 инчи и батерија од 5100 mAh.
Се напојува со чипсет Qualcomm Snapdragon 695 5G, додека оперативниот систем Magic UI 6.1 базиран на Android 12 е задолжен за софтверска поддршка.
Серијата HONOR Magic5 ќе биде достапна почнувајќи од вториот квартал на 2023 година. HONOR Magic5 ќе чини 899 евра (8GB+256GB), додека HONOR Magic5 Pro ќе биде достапен по цена од 1199 евра (12GB+512GB).
Последниот претставник на серијата HONOR Magc5, HONOR Magic5 Lite ќе биде првиот телефон од споменатата серија достапен на нашиот пазар.
HONOR го претстави и флексибилниот телефон Magic Vs за светскиот пазар. Ова е првиот телефон на компанијата што се преклопува што дебитира надвор од Кина.
HONOR Magic Vs има надворешен екран од 6,45 инчи и внатрешен екран од 7,9 инчи. Magic Vs е исклучително тенок и лесен, со дебелина од само 12,9 mm кога е преклопен и тежи 267 грама.
Телефонот има батерија од 5000 mAh, што е најголем капацитет меѓу флексибилните телефони под 270 g достапни денес.
Built around our super light hinge, the #HONORMagicVs is a next generation foldable smartphone. With a long-lasting battery and innovative technology all built into a super slim body, this is the foldable smartphone of your dreams. #UnleashthePowerofMagic #HONORMWC2023 #MWC23 pic.twitter.com/vozyYR7875
— HONOR (@Honorglobal) February 27, 2023
Уредот има и револуционерна шарка, која може да издржи над 400.000 свиоци според тестирањето на TÜV Rheinland, што е еквивалентно на повеќе од десет години користење доколку телефонот се отвора 100 пати на ден.
Телефонот се напојува со чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, во комбинација со батерија од 5000 mAh. На предната страна на камерата, има главен сензор IMX800 од 54 MP, ултра широк агол и макро од 50 MP, како и камера од 8 MP со оптички зум 3x.
HONOR Magic Vs ќе има цена од 1599 евра.