Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro беа претставени во Кина на крајот на минатата година, а за време на MWC саемот, компанијата ги официјализираше своите премиум телефони за светските пазари.

Двата телефони, кои се украсени со чипсетот Snapdragon 8 Gen 2, како и камерите на Leica, пристигнуваат и во Европа.

Xiaomi 13 има компактен OLED екран од 6,36 инчи, со Full HD+ резолуција и максимална осветленост до 1900 нити.

Системот на камерата на задната страна се состои од главен сензор од 50 MP со поддршка за OIS, 3x телефото камера со сензор од 10 MP и поддршка за OIS и сензор со ултра широк агол од 12 MP. Сите камери се поддржани од технологијата за обработка на слика Leica.

Xiaomi 13 Pro користи 6,73-инчен LTPO AMOLED панел, со стапка на освежување од 120 Hz и резолуција од 1440p. Екранот има сензор за температура на бојата на околината и ги прилагодува боите во зависност од околината.

Системот на камерата на овој модел е надграден во однос на минатогодишниот модел, така што имате 50MP 1″ сензор Sony IMX989 за главната камера, 50MP телефото со опција за 3xzoom и сензор со ултра широк агол од 50MP со поддршка за макро и AF.

Xiaomi 13 поддржува брзо полнење од 67W, додека кај Pro моделот оди до 120W. Има и поддршка за 50W безжично полнење и 10W обратно безжично полнење.

Другите спецификации вклучуваат стерео звучници Dolby Atmos, IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина и оперативен систем Android 13 со кориснички интерфејс MIUI 14.

Кога станува збор за достапноста, Xiaomi 13 ќе се појави во продажба од 8 март по почетна цена од 999 евра за моделот со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање податоци. Достапните бои се црна, бела и цветно зелена.

Xiaomi 13 Pro ќе пристигне на истиот датум по почетна цена од 1299 евра, за моделот со 12GB RAM и 256GB простор за складирање податоци. Ќе има и опција од 12/512 GB, а достапните бои се Ceramic Black и Ceramic White.

Нов член на серијата – Xiaomi 13 Lite

Xiaomi 13 Lite е претставен како најнов член на серијата, а неговата главна карактеристика е што чини речиси половина од стандардниот телефон Xiaomi 13.

Моделот Lite има чипсет Snapdragon 7 Gen 1, во комбинација со 8/128GB и 8/256GB меморија и простор за складирање.

На предната страна на камерата, има главен сензор Sony IMX766 од 50 MP, ултра широк сензор од 8 MP и макро од 2 MP. На предната страна има селфи камера од 32 MP и сензор за длабочина од 8 MPP.

Xiaomi 13 Lite има заоблен AMOLED дисплеј од 6,55 инчи, со осветленост до 1000 нити и стапка на освежување од 120 Hz.

Батеријата, со капацитет од 4500 mAh, поддржува брзо полнење до 67w, но не поддржува безжично полнење. Оперативниот систем е MIUI 14, базиран на верзијата на софтверот Android 12.

Xiaomi 13 Lite ќе се појави во продажба од 8 март, по почетна цена од 499 евра за моделот со 8GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.