Сајтот Metacritic состави листа на 10 најлошо оценети игри во 2022 година, врз основа на резултатите од Metacritic.
Листата вклучува игри од 1 јануари до 31 декември, а на неа може да се најдат само игри кои имаат повеќе од седум критики од професионални критичари. Верзијата со најниска оцена ќе биде наведена, доколку насловот е објавен на повеќе од една платформа.
The 10 Worst Video Games of 2022: https://t.co/y2dp97ax2E pic.twitter.com/kQxdCTQXDo
— metacritic (@metacritic) December 13, 2022
Така, на десеттото место на оваа листа е подобрената верзија (за Switch) на играта Blade Runner со оцена на Metacritic од 52. На деветтото место е Kamiwaza: Way of the Thief (PS4, оцена 52), а по него е Waylanders на осмото место (PC, оцена 51).
The Last Oricru (Xbox Series X) е ARPG рангиран на седмото место со Metacritic оцена од 50, проследен со Zorro: The Chronicles (PS5, оцена 49), LEGO Brawls (PS5, оцена 46) и XEL (Switch со Metacritic оцена од 43) .
На подиумот, меѓу трите најлошо оценети игри, се Babylon’s Fall (PS5) на третото место и рејтинг на Metacritic од 41, CrossfireX (Xbox Series X) со оцена 38.
На самиот врв (или на дното во зависност од тоа како гледате), како најлошо оценета игра, е Postal 4: No Regerts (PC) со оцена на Metacritic од 30.