Засега не се споменува можност за биометриско отклучување на апликацијата, но не е исклучено таква опција да биде можна во некоја идна верзија на апликацијата.
Корисниците на WhatsApp, кои ја користат апликацијата за пораки и на компјутер и на паметен телефон, знаат дека една од главните болни точки е прашањето за безбедноста на кореспонденцијата. Поточно, не беше можно да се остане логиран на апликацијата на компјутерот и да се заштити кореспонденцијата.
Но, тоа наскоро би можело да се промени. Имено, како што истакнаа на порталот wabetainfo, кој ги открива идните опции во апликацијата, корисниците наскоро ќе можат да постават лозинка за влез во апликацијата WhatsApp на компјутер.
Ова ќе овозможи користење на апликацијата WhatsApp за компјутери и на заеднички компјутери, но на корисниците ќе им обезбеди и повисоко ниво на заштита и ќе ја олесни заштитата на нивната доверлива кореспонденција. Опцијата PIN или лозинка веќе беше овозможена за апликацијата за паметен телефон.
Корисниците кои ќе изберат да постават лозинка ќе мора да ја внесат секогаш кога сакаат да пристапат до апликацијата на нивниот компјутер. И ако ја заборавите лозинката, не грижете се. Ќе биде доволно да се одјавите од апликацијата на вашиот компјутер и повторно да се најавите со скенирање на QR-кодот со вашиот телефон.
Засега не се зборува за можност за биометриско отклучување на апликацијата, но не е исклучено таква опција да биде можна во некоја идна верзија на апликацијата.
Интересно е што оваа опција за поставување лозинка нема автоматски да се активира во апликацијата, туку корисниците ќе треба сами да ја вклучат во поставките, но ќе им биде достапна и на корисниците на Windows и Mac компјутерите.
Треба да се нагласи дека оваа опција нема да важи за користење на WhatsApp во интернет прелистувачот.
Поврзани артикли