Според наводите на инсајдерски извори, Microsoft би можел да претстави буџетски 12,5-инчен лаптоп, сличен на Surface Go моделот. Новиот преносник би требало да ја пополни празнината помеѓу Surface Go и Surface лаптоп, со цена помеѓу 500 и 600 долари.

Лаптопот ќе користи Intel Core i5 CPU од десеттата генерација, во комбинација со 4GB RAM и 64GB простор за складирање. Судејќи спорд цената, процесорот би можел да биде од Y серијата со нископотрошни чипови.

Системот ќе работи под Windows 10 платформата во S-Mode, што значи дека ќе ги користи Microsoft Store апликациите и Edge прегледникот. Со оглед на тоа што се работи за лаптоп за едукативниот пазар, опремен е со напредни опции на сигурност и перформанси по евтина цена.

Се сугерира дека Microsoft не правел компромиси кога се во прашање квалитетот на изработката и употребливоста на лаптопот, а истото важи и за преносливоста на уредот.

Актуелните извештаи укажуваат на тоа дека буџетскиот Surface лаптоп ќе биде претставен со други Surface уреди во текот на октомври.