Компанијата Oppo го лансираше паметниот телефон Find N минатата година за да се натпреварува со Galaxy Fold на Samsung и Mi Mix Fold на Xiaomi, а сега работи на различен уред на преклопување.
Новиот уред ќе има внатрешен дисплеј од 6,8 инчи, како и надворешен дисплеј од 3,26 инчи. Станува збор за OLED панели, а уредот ќе се напојува од батерија со капацитет од 4.300 mAh.
Се очекува дека новиот смартфон Oppo ќе добие селфи камера од 32 MP, а тоа ќе биде сензорот IMX709 на Sony, како и главна камера од 50 MP со сензорот IMX766 на Sony.
Ним ќе им се придружи двојна Sony IMX355 камера од 8 MP. Oppo Flip се очекува да се напојува со процесор Snapdragon 8 Plus Gen 1.
Презентацијата на смартфонот се очекува наскоро.