Според Марк Гурман, Apple планира да воведе нов начин на именување на нивните телефони со новата серија. Доколку се оствари, брендот Pro Max ќе отиде во историјата.
Репортерот на Bloomberg и долгогодишен аналитичар на Apple, Марк Гурман, во својот неодамнешен билтен за Power On објави дека Apple планира да воведе нов начин на именување на серијата телефони iPhone 15.
Според неговите информации, претстојните модели на iPhone Pro Max ќе станат – Ultra.
„Врз основа на претходните одлуки на Apple, може да очекуваме освежен дизајн на iPhone следната година, што се совпаѓа со преминувањето на USB-C и потенцијалната замена на моделот Pro Max со модел Ultra“, вели Гурман.
Имено, првиот Pro Max iPhone се појави во 2019 година. Станува збор за iPhone 11 Pro Max, кој донесе бројни новитети, меѓу кои и трета камера.
Имајќи предвид дека производителите како Xiaomi и Samsung имаат Ultra модели веќе долго време, не е невообичаено што Apple сака да ги краси и своите најмоќни телефони со тоа име.
Иако iPhone 14 е на пазарот помалку од еден месец, се повеќе се шушка за iPhone 15. Покрај наводното преименување на моделот Pro Max, аналитичарите предвидуваат дека Dynamic Island би можел да биде дел од стандардната опрема на сите модели. Тука е и гореспоменатата USB-C порта, за која Гурман тврди дека Apple веќе започнал со тестирање.