Изгледа дека е само прашање на време кога Xiaomi ќе испорача телефон со оваа функција
Apple имплементираше многу интересна функција наречена Dynamic Island на моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max оваа година. Тоа е всушност составен дел од отворот на горниот дел од екранот, но се користи за многу корисни работи. Веќе се појави веста дека наскоро оваа функција, се разбира под друго име, би можела да пристигне и на телефоните со Android, додека сега главниот човек на Xiaomi води полемика околу неа.
Лу Вејбинг, претседателот на Xiaomi во Кина, е познат како човек кој многу коментира со своите следбеници за многу работи поврзани со технологијата. Сега темата беше Dynamic Island, а во еден коментар ги прашува следбениците: „Дали навистина ви треба Smart Island?“. На неговото прашање многумина одговориле потврдно, но имало и такви на кои оваа идеја не им се допаднала.
Изгледа дека е само прашање на време кога Xiaomi ќе испорача телефон со оваа функција. Се шпекулира дека тој телефон би можел да биде Redmi K60, кој треба да пристигне во првиот квартал од следната година.
Само минатата недела се појави информација дека тимот на Mi Theme Developers за Xiaomi MIUI развил функција која всушност не е ништо друго туку копија на функцијата Dynamic Island на Apple. Ова е само првиот, веројатно во низата потези на програмерите за кориснички интерфејси на Android, со кои ќе се обидат да го копираат Dynamic Island на Apple.
Инаку, Dynamic Island на iPhone 14 и iPhone 14 Pro Max има многу функции и е прилично освежување во светот на паметните телефони. Во отворот може да се прикажат различни работи, како што се читање Face ID, репродукција на музика, контрола на повици итн.
Што мислите за можноста Android OEM да имплементираат слична функција на нивните телефони во иднина?