Хирурзите често вршат сложени операции, а кога станува збор за дете или бебе, тоа е уште покомплициран процес. Меѓутоа, хирурзите во Полска успеале да спасат бебе кое се родило само со една петтина од черепот.
Операцијата е извршена во Полска на новороденче, кое благодарение на стручноста на хирург и 3Д печатач го добило делот од черепот кој недостасувал. На овој начин бебето било спасено иако имало критично неразвиен череп, а со 3Д принтер за само еден ден бил испечатен прецизен модел.
Доколку операцијата не била планирана и изведена во рок од четири дена, бебето ќе умрело. За да се испечати черепот, сите проекти биле стопирани во компанијата Sygnis, која што направила фантастична работа.
На проектот работеле двајца инженери, а за да се избегне ризикот за бебето, користени се две различни технологии. Првиот е подготвен со SLS технологија за 24 часа, а вториот со SLA технологија за осум часа.
Поврзани артикли