„Нептун“ Македонија ја започна својата хумана мисија – Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

По воспоставената соработка помеѓу „Нептун” Македонија и СОС Детско село, тимот на Нептун заедно со децата и младите од СОС Детско село навиваа за нашата држава на Европското првенство и со сето срце ја бодреа нашата репрезентација.

Во кругот на локацијата на СОС Детско село вработените, заедно со децата, младинците и нивните згрижувачи и ментори го гледаа првиот историски натпревар на Македонската репрезентација против Австрија на Европско првенство.

Од страна на „Нептун” Македонија како иницијатор на овој настан беа обезбедени сите аудио и визуелни услови за гледање на овој меч во надворешни услови во пријатна атмосфера со обезбедени реквизити за навивање. Сите заедно се погриживме да бидат следени и испочитувани сите мерки и протоколи за безбедност. Домашната атмосфера успеавме да ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село и пративме огромна доза на позитивна енергија за нашите репрезентативци.

„Нептун“ како компанија постојано се вклучува во процесот за општествена одговорност и тоа останува една од нашите примарни одговорности и основа на која ги надградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квалитетот на животот во средината во која работиме. Сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата. Активностите во рамките на оваа соработка продолжуваат, да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!