Најновите мобилни процесори на Intel од осмата генерација ветуваат дека дополнително ќе ја намалат разликата во продуктивноста помеѓу лаптопите и десктоп-компјутерите.
Чиповите сигурно ќе ги задоволат гејмерите и креаторите на содржини, но ќе мора да се подготват да платат повисока цена. На врвот од серијата е процесорот Core i9-8950HK кој нуди 6 јадра со 12 „threads“ и максимална фреквенција од 4.8GHz во турбо режим. Според компанијата, ова ќе доведе до 29 проценти вкупно подобрување на брзината во однос на претходните чипови од седмата генерација.
Во игрите, подобрувањето на фреквенцијата на кадрите изнесува 41 отсто, додека редактирањето на 4K се случува за 59 проценти побрзо.
Intel има и нови процесори за лаптопите во линиите i5 и i7, кои се базирани на 14nm ++ архитектура (Coffee Lake) и се дел од H серијата во која спаѓа и заедничкиот проект на Intel со AMD за создавање на чипсети со графички акцелератор – Radeon RX Vega M.
Покрај тоа, компанијата додаде и поддршка за брзата меморија Optane во мобилните и десктоп процесори од 8. генерација, а компјутерите кои вклучуваат таква комбинација, ќе носат името Core i5 +, i7 + и i9 +.