Нокиа e eден од најактивните производители на пазарот на паметни телефони во последните месеци. Новите уреди на компанијата провоцираат сериозен интерес меѓу корисниците и ситуација најверојатно ќе се задржи и во текот на 2018. година.
Веќе видовме модерна верзија на легендарниот модел Nokia 3310, но се чини дека финскиот бренд планира да вдахне живот во уште еден класичен модел. Во овој случајот, станува збор за поранешниот иновативнен телефон Nokia 2010, кој е претставен официјално во 1994. години, пренесе „АндроидАуторити“.
Новиот паметен телефон се развива со идејата да го одбележи соодветно пристигнувањето на 25 години од премиерата на оригиналниот Nokia 2010. Уредот ќе понуди бројни подобрувања, меѓу кои екран осетлив на допир, модерна камера, поддршка за 4G мрежи и разновиден избор на атрактивни бои.
Надградената верзија ќе работи со истиот софтвер, како и другиот класичен смартфон Nokia 3310. Новата Nokia 2010 нема да ја изневери традицијата и повторно ќе предложи цврсто куќиште и импресивна издржливост на батеријата.
Според непотврдени информации, финалниот производ може да дебитира на пазарот како Nokia A10 во конфигурации со бела, црна, црвена и жолта боја. Поддршката за 4G мрежите ќе обезбеди пристап до популарни апликации како Фејсбук, ВатсАп, Вибер и многу повеќе.
Не ни останува ништо друго освен да почекаме уште малку да дознаеме какви подобрувања ќе понуди јубилејната Nokia 2010. Сигурно уредот има потенцијал да го привлече вниманието на технологијата со ретро изглед и достапна цена.