Кина го лансираше вториот од трите модули потребни за комплетирање на новата вселенска станица, што ќе биде нејзин најнов чекор во амбициозната вселенска програма на Пекинг.
Вселенското летало без екипаж, наречено Wentian, беше лансирано со ракета Long March 5B од центарот за лансирање Венчанг на кинескиот тропски остров Хаинан.
Liftoff of a Long March 5B rocket and the Wentian science module on a mission to double the size of China's Tiangong space station.
Ten kerosene- and hydrogen-fueled engines were powering the Long March 5B into the sky over Hainan Island.https://t.co/iYRn51rNmL pic.twitter.com/By1Yk2HWFy
— Spaceflight Now (@SpaceflightNow) July 24, 2022
Официјален претставник на Кинеската вселенска агенција (CMSA) веднаш го потврди „успехот“ на лансирањето.
Стотици луѓе се собраа на блиските плажи за да фотографираат како лансерот се пробива низ облак од бел чад.
„По приближно осум минути лет, лабораторискиот модул „Вентиан“ успешно се одвои од ракетата и влезе во предвидената орбита, со што лансирањето беше целосно успешно“, соопшти CMSA.
Пекинг го лансираше централниот модул на својата вселенска станица Тиангонг – што значи „небесна палата“ во април 2021 година.
Долг речиси 18 метри и тежок 22 тони, новиот модул има три спални соби и простор за научни експерименти.
Тој ќе се спои со постоечкиот модул во вселената, што е предизвикувачка операција за која експертите велат дека ќе бара неколку многу прецизни манипулации и употреба на роботска рака.
„Ова е првпат Кина да спои толку големи возила, што е деликатна операција“, рече Џонатан Мекдауел, астроном од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.
Третиот и последен модул е планирано да биде лансиран во октомври, а Tiangong – кој се очекува да има животен век од најмалку 10 години – се очекува да стане целосно оперативен до крајот на годината.