Кинеската вселенска агенција сака да изврши мисија за транспорт на примерокот од Марс на Земјата до 2031 година, две години пред американската вселенска агенција НАСА да планира да го стори истото во соработка со Европската вселенска агенција (ESA).
Главниот дизајнер на мисијата Tianwen-1 Mars орбитер и ровер, Сун Зежоу, зборуваше за профилот на мисијата за носење примерок од Марс на Земјата за време на презентацијата одржана на 20-ти јуни. Профилот на мисијата покажува дека на крајот на 2028 година од Црвената планета ќе бидат направени две одделни лансирања со цел примероците да се пренесат на Земјата во јули 2031 година. Зежоу одржа презентација на Форумот за технологии за истражување на длабоката вселена, кој е дел од семинарот за прослава на 120-годишнината од Универзитетот Нанџинг.
Кинеската мисија ќе користи поедноставна платформа во споредба со мисиите на НАСА и ЕСА, ќе изврши едно слетување на Марс, а потоа ќе собира примероци од едно место.
Слетувањето на Марс како дел од мисијата Tianwen-3 се очекува околу септември 2029 година, по што ќе се изврши земање примероци од почвата и дупчење, како и „паметно“ мобилно земање примероци.
Возилото за „полетување“ ќе се состои од две фази и ќе биде дизајнирано да остане недопрено при брзина од 4,5 километри во секунда.
Како дел од мисијата Tianwen-1, која лансираше орбитер и ровер на Марс во јули 2020 година, ќе биде спроведен тест за аеросопирање во планетарната орбита подоцна оваа година за да се направат подготовки за мисијата Tianwen-3. Мисијата Tianwen-2 ќе биде лансирана кон астероид блиску до Земјата во текот на 2025 година со цел да се земе примерок.
Примарната задача на мисијата Tianwen-3 е да испише историја со носење на првите примероци од Марс на Земјата. Од друга страна, заедничката мисија на НАСА и ЕСА подразбира транспортирање на поразновидни примероци за анализа, но потребна е покомплексна платформа, што значи дека мисијата нема да се реализира пред кинеската.
Дополнително, НАСА во март најави одложување на кампањата Mars Sample Return бидејќи ќе користи две вселенски летала за една мисија на лендерот, а причината е намалување на ризикот. Според новиот распоред, Earth Return Orbiter на ESA ќе биде лансиран во 2027 година, а пристигнувањето на примероците од Марс на Земјата се очекува во текот на 2033 година.
Кинеската мисија Tianwen-3 вклучува испраќање на еден лендер и едно „возило“ за полетување, кое ќе се врати до орбитерот и повратниот модул. Тие ќе бидат испратени во две одделни лансирања со помош на ракетите Long March 5 и Long March 3B.
Оваа мисија се надоврзува на успехот на кинеската лунарна мисија Chang’e-5 во 2020 година, која вклучуваше носење примероци од почвата од Месечината.
Кина сака да стане една од водечките вселенски сили заедно со САД и Русија.