Компанијата ZTE стана првата која испрати смартфони со Android Go оперативен систем на територијата на САД.
ZTE на Американците им понуди смартфони со името Tempo Go, кој на американскиот пазар ќе чини само 79 долари.
Уредот има 5-инчен екран со ниска резолуција од 480х854 пиксели, подебели агли, само 1 GB RAM и 8 GB внатрешна меморија. Освен тоа, има предна камера од 2 MP, а задна камера од 5 MP со LED блиц светло. Овој уред доби quad-core 1.1 GHz Cortex-A7 процесор.
Тој е првиот уред на американскиот пазар кој користи Android Go оперативен систем, кој е наменет за уредите со послаби спецификации. Android Go е замислен како оперативен систем кој ќе им помогне на помалку ситуираните и оние кои живеат во краеви од Земјата каде мрежните услови не се толку добри како во земјите од Западниот свет.
ZTE е една од шестте компании кои први го најавија користењето на Android Go во нивните уреди, некаде кон крајот на минатиот месец. Поголемиот дел од уредите со овој оперативен систем се наменети за афрички и индиски пазар, каде цените на просечниот смартфон треба да бидат значајно пониски. Сепак, тестирањето на овие уреди ќе се врши на американскиот пазар.
Извор: Klix.ba