Како што се наближува претставувањето на новиот телефон на Моторола, така на интернет започнуваат да кружат се повеќе детали околу хардверот, но и изгледот на Moto G6.
Според најавите, новиот Moto G6 ќе има премиум изглед, но истовремено ќе се вклопува во понудата на Моторола на евтини телефони од G серијата. По дизајнот, новиот Moto G6 е близок со минатогодишниот Moto X4, поседува две задни камери и веројатно закривено стакло на задната страна.
Претходно објавените гласини открија дека Moto G6 ќе има долг екран со формат 18:9, како што е случај кај неодамна претставените флегшип паметни телефони. „Протечените“ фотографии не откриваат премногу како ќе изгледа екранот, но се претпоставува дека нема да има „мали рабови“.
Кога зборуваме за перформансите, Moto G6 ќе има Snapdragon 450 процесор, потоа 3 или 4 GB RAM меморија, а според некои гласини, новиот телефон на Моторола би можел да користи постар оперативен систем – Android Nougat.