Lenovo Mirage Camera е камера со виртуелна реалност која првпат беше прикажана на CES 2018 на почетокот на јануари. Уредот е развиен во тесна соработка со Google и ја користи платформата Daydream.
Официјалните продажби на европскиот пазар стартуваат на 4 мај, но ако сте желни можете уште сега да ја купите Мirage Camera од водечките онлајн трговски синџири. Amazon, исто така, нуди можност да го нарачате моделот за сума од 300 долари, информира Engadget.
Главната цел на Camera Mirage Camera е да создаде атрактивна VR содржина поврзана со интересни работи што се случуваат околу вас и да ги споделите на интернет. Затоа камерата го поддржува новиот формат на YouTube VR180.
Благодарение на него може да ја користите камерата, за да снимате видео клипови за VR очила кои се репродуцираат како нормално видео, ако ги пуштите на компјутер или друг 2D уред. Ова е најбрз и најлесен начин за креирање видеа на VR.
Lenovo Mirage Camera има две главни камери со 13 мегапиксели резолуција и дополнителни Fisheye објективи кои придонесуваат за создавањето на ефект од 360-степени.