Видеото објавено од јутјуберката Сара Дејчи ја прикажува работата на најновиот робот на Apple – Daisy, кој служи во процесот на рециклирање и го расклопува iPhone-от.
На Денот на планетата Земја, Apple ги засилува своите напори за намалување на е-отпадот, а тоа значи користење на повеќе материјали што може да се рециклираат за производство на своите уреди и пакувања.
Во процесот на рециклирање, Apple го користи роботот Daisy, кој покажа како се расклопуваат вратените и фрлените копии на iPhone за да се добијат вредни компоненти, а во исто време правилно да се фрлаат опасните материјали.
Годишно се фрлаат милиони iPhone-и, а Apple добива големо количество стари мобилни телефони кои корисниците ги испраќаат за да го купат новиот iPhone 13.
Apple тврди дека Daisy може да расклопи 1,2 милиони iPhone-и секоја година.
Роботот прво го отстранува екранот, а потоа го лади уредот поради вадење на батеријата и го става во кофа што луѓето ја преземаат. Потоа следи процесот на вадење на завртките и одвојување на компонентите, ставајќи ги на лента каде што луѓето ги сортираат. Сите делови се фрлаат на места за рециклирање материјали, а вредните материјали може да се отстранат и потенцијално да се користат за други уреди.
Светот произведува од 20 до 50 тони електронски отпад годишно, а роботот Daisy е само дел од напорите на Apple до 2030 година да стане карбонски неутрална компанија.