И покрај зголемувањето на цените на енергијата, транзицијата кон електрични автомобили сè уште вреди, сметаат експертите од австрискиот авто-мото клуб OeAMTC.
Запрашан дали вреди да се префрли на електричен автомобил, експертот на OeAMTC, Марк Кајзер, вели дека возењето на струја е сепак поевтино.
Појасни дека цената за набавка на електромобил и натаму е нешто повисока, но државата дава бројни стимулации во износ од 5.400 евра, па тековните трошоци се значително помали.
Своето тврдење го докажа со споредување на „Опел корса“ за бензин и електричен погон.
По пет години и возење 15.000 километри годишно, електричната верзија го „чинела“ сопственикот околу 24.000 евра, а бензинецот повеќе од 30.000 евра.
Но, експертот посочува дека е зголемена и цената на струјата на јавните полначи и дека таа во просек изнесува 55 центи за киловат час, што е зголемување и до 20 центи.