Според аналитичарите на Блумберг, следната голема верзија на оперативниот систем iOS на Apple би можела да спроведе „значителни подобрувања“.
Марк Гурман, во својата последна анализа, истакнува дека очекува iOS 16 да има ажурирање за известувања, како и нов сет на функции поврзани со следење на здравствените параметри.
Сепак, оние кои можеби очекуваа да го видат редизајнот на iOS, ќе бидат разочарани бидејќи наводно не е во планот за оваа верзија на платформата.
– New Macs coming soon-ish, including the new MacBook Air
– Internal iOS 16 builds are full of ties to the Apple headset, rOS
– iOS 16 to get notifications update, but no redesign. Redesigned iPad app switcher planned
– Health and Fitness upgrades coming.https://t.co/4ESTiJqaPK https://t.co/5b5H76uTJC— Mark Gurman (@markgurman) April 10, 2022
„Не очекувам целосен редизајн на интерфејсот на iOS, иако нема големи промени на ова поле од верзијата на iOS 7, која беше објавена пред речиси 10 години“, истакнува Гурман.
Засега нема многу информации за плановите на Apple кога се во прашање останатите платформи на компанијата, како watchOS и macOS.
Apple ќе ги претстави своите нови верзии на оперативни системи (iOS 16, watchOS 9 и macOS) за време на конференцијата WWDC 2022, која се одржува од 6 јуни оваа година.