Апликацијата WhatsApp постојано се ажурира и сега тестира нови функции.

Станува збор за новина која им овозможува на корисниците да го видат проценетото време на пристигнување на фајл при испраќање преку „чат“ на WhatsApp. Новата функција е во бета тестирање за Android, iOS и веб корисници и ќе биде доста корисна во случај кога корисниците споделуваат големи фајлови.

Покрај тоа, WhatsApp во моментов тестира нови алатки за цртање наменети за корисниците на iOS уреди. Алатките вклучуваат две нови пенкала за подобрување на корисничкото искуство.

Кога станува збор за времето на пристигнување на фајлот, тоа ќе биде прикажано и видливо веднаш под неговото име, а ќе има процент на статус што ќе покаже колку фајлови се поставени за споделување.

WhatsApp вообичаено дозволува споделување фајлови до 16 MB на сите платформи, меѓутоа, се тестира зголемување на 2 GB.

Алатките за цртање ќе бидат достапни и за тестирање на Android после iOS.

Засега не е познато кога новитетите ќе биде достапна за сите корисници.