Epic Games официјално ја претстави новата голема ревизија на својот 3D engine што ќе биде основа на многу атрактивни игри во следните неколку години
Првата стабилна верзија на Unreal Engine 5 е достапна за преземање преку Epic Game Launcher и други дистрибутивни канали. За можностите на новата верзија се знаеше многу порано, а некои развојни студија кои веќе работат со новиот мотор ги објавија своите демонстрации и видео презентации.
Едно од најимпресивните и најпознатите е сопственото техничко демо на Epic, The Matrix Awakens: An Unreal Engine 5 Experience кое е достапно за бесплатно преземање на Playstation 5 и Xbox Series X и S.
Некои од главните карактеристики на новата голема ревизија на Unreal Engine се Lumen, решение за динамично глобално осветлување, Nanite, виртуелизиран геометриски систем на Unreal Engine базиран на микрополигони, Virtual Shadow Maps, систем за ефикасна имплементација на меки сенки и Temporal Super Resolution, вграден систем за квалитетно земање примероци (во основа сличен на AMD FidelityFX Super Resolution).
Unreal Engine 5 е оптимизиран за градење големи отворени светови поради што беше избран од CD Project Red како основа на новонајавената игра од франшизата Witcher.
За оние кои се позаинтересирани, тука е и официјалната презентација на Epic Games.