Ниските температури се еден од главните непријатели на електричните автомобили кога станува збор за досегот.
Првиот електричен Rolls Royce ќе помине дури 2,5 милиони тест километри пред почетокот на производството, со што ќе симулира 400 години сопственост на автомобилот. Во Rolls Royce се сметаат во просек 6250 km годишно. Мора да се признае дека се перфекционисти.
„Извонредниот потфат да се едуцира Spectre да размислува и да се однесува како Rolls Royce, вклучува 2,5 милиони километри. Денес можам да потврдам дека 25% од патот е поминат и дека резултатите ги исполнија нашите најамбициозни очекувања“, рече првиот човек на RR, Торстен Милер-Отвос.
На поларниот студ на шведскиот север, каде температурите се движеа од -26 до дури -40⁰C, прототипот беше тестиран во однос на динамичките карактеристики на системот за следење на однесувањето на шасијата, тестирањето на перформансите на возењето и електрониката.
Паралелно се проверуваат сите споеви, својствата на лепилото и вградените материјали. Возењето беше предизвик за системот за греење и управувањето со електричниот погон. Возилото доби речиси 700 килограми материјал кој се користи за звучна изолација, додека од друга страна познатата статуетка е модифицирана за да се оптимизира аеродинамиката. Коефициентот на отпорност на воздухот е одличен 0,26.
Има уште многу работа пред да излезе на патиштата првиот електричен Rolls Royce.
Првите испораки се очекуваат во последниот квартал од следната година.