Dyson е најпознат по своите правосмукалки, вентилатори и други слични уреди. Компанијата ги претстави своите први слушалки за поништување на шум, но не се оддалечува премногу од својата област на експертиза.

Овој производ, наречен Dyson Zone, има отстранлив додаток кој е намалена верзија на домашните прочистувачи на воздух на Dyson. Системот го извлекува воздухот од ушните школки со слушалките, го насочува низ двостепен прочистувач кој користи електростатско средство за привлекување честички од воздухот, а филтерот е мал и лесен.

„Визирот“ како што го нарекува Dyson се приближува до вашето лице и уста, но всушност не ја допира вашата кожа. Работата на дизајнот на Dyson Zone започна во 2016 година, односно пред пандемијата, така што тој не беше дизајниран со маските на ум, но компанијата нуди додатоци што може да се користат со FFP2 маските.

Беа направени околу 500 прототип модели, пред да се одлучат за овој конечен дизајн.

Dyson Zone може да се прилагоди за да ја испорача вистинската количина на воздух без разлика дали седите на маса или вежбате. Исто така, тој е дизајниран да го блокира ветрот, т.е. да не дува нечист воздух кон носот и устата.

Што се однесува до самите слушалки, тие имаат можност за поништување на шумот и користат неодимиумски магнети, но освен тоа, не се знае многу за нивните аудио можности. Тие можат да обезбедат до 40 часа репродукција на музика и брзо полнење преку USB-C приклучокот (60% за 20 минути). Можете да го извадите визирот и да ги користите како стандардни слушалки.

Но, ако ја користите Dyson Zone со прикачен визир според предвиденото, траат четири и пол часа при минимални поставки за прочистување и час и половина при максимални. Dyson Zone сè уште не е подготвен за пазарот, но ќе биде објавен подоцна оваа година.

Цените ќе бидат исто така објавени подоцна.