Тестот е дел од иницијативата „Зелена градска зона во Гетеборг“ во која Volvo го најави своето учество минатата година.
Шведската такси компанија Cabonline ќе биде дел од пилот-проектот за тестирање на безжично полнење за електричните возила на Volvo. Процесот функционира на истиот принцип како и индукциското полнење на безжични телефони, а возачите кои ќе го користат ќе можат едноставно да го паркираат своето возило за да почне да се полни без да мора да излезат од него.
Компанијата Cabonline ќе добие Volvo XC40 Recharge возила со специјален приемник кој безжично се поврзува со подлогите за полнење произведени од Momentum Dynamics.
„Göteborg Green City Zone ни овозможува да тестираме нови возбудливи технологии во реална средина и да ги оценуваме со текот на времето за потенцијално идно пошироко распоредување“, вели Матс Моберг, шеф за одделот за истражување и развој во Volvo.
„Тестирањето на новите технологии за полнење заедно со избраните партнери е добар начин да се проценат алтернативните опции за полнење за нашите идни автомобили. Подлогата може да го полни возилото до 40 kW, што е скоро исто толку брзо како и приклучоците за брзо еднонасочно полнење кои работат на 50 kW. Подлогата е значително побрза и од обичен AC полнач од 11 kW.
Возачите ќе добијат помош при поставувањето на нивните возила на земја со помош на камера од 360 степени вградена во XC40 Recharge. Cabonline со возилата ќе извози повеќе од 100.000 km годишно, што го прави важен полигон за тестирање на Volvo EV технологијата воопшто.
Тестот е дел од иницијативата Göteborg Green City Zone во која Volvo го најави своето учество минатата година. Иницијативата има за цел да го трансформира урбаниот транспорт на 100 отсто нула емисии до 2030 година.