Од денес, паметните телевизори на Samsung нудат HBO Max, платформа за стриминг на WarnerMedia. Со пристигнувањето на новата платформа, семејствата во Македонија сега можат да уживаат во богат избор на култни класици, од Хари Потер и неговите пријатели до Игра на тронови и Сопранови, како и во премиерите на 6-та сезона на Озборувања, 3-та сезона на Наследници, и филмовите Дин и Матрикс: Воскресение.
Гледачите исто така ќе можат да гледаат нови серии на HBO Max платформата како што се „Време на победа: Подемот на Лејкерс династијата“, сезона 3 од „Еуфорија“ и „Станица 11“
„Samsung постојано се труди на гледачите на сите видови содржини на нашите ТВ уреди да им обезбеди најдобро можно визуелно и аудио искуство. Ова партнерство дополнително ја продлабочува нашата посветеност да понудиме разновидни возбудливи опции за забава за целото семејство“, изјави Нејтан Шефилд, директор за ТВ и аудио во Samsung Electronics за Европа.
Како глобален лидер на пазарот за ТВ уреди, веќе 15 години по ред, паметните телевизори на Samsung нудат најширок избор на апликации достапни за корисниците, вклучувајќи голем број платформи за стриминг.
Како да ја преземете апликацијата HBO Max на паметните телевизори на Samsung
За да ја преземете апликацијата HBO Max, вашиот Samsung Смарт телевизор мора да биде поврзан на Интернет. Потоа само одете во продавницата за апликации, која се наоѓа на левата страна од менито на ТВ уредот, пронајдете ја апликацијата „HBO MAX“, одберете ја и кликнете „Преземи“. За да се регистрирате за апликацијата HBO Max, треба да се претплатите. Постојните претплатници на HBO GO може да користат постоечко корисничко име и лозинка /податоци за HBO Max. Новите корисници можат да се логираат преку HBOMax.com или Samsung Checkout.
За повеќе информации посетете го линкот: https://www.samsung.com/mk/