ФИФА ја потврди употребата на ВАР на судиите за фудбалските натпревари на Светското првенство во Русија. Одлуката беше донесена на состанокот на светската фудбалска централа во Богота, Колумбија.
СП 2018 ќе се памети и по воведувањето на четврта смена во продолженијата на средбите по групната фаза. Слична е и можноста на турнирот за Купот на Конфедерации во 2017 година.
Таа беше користена само еднаш – за време на натпреварот помеѓу Португалија и Чиле од полуфиналето Андре Гомеш беше заменет од Желсон Мартинш во 116-та минута.
„Се надевам дека со системот за видео повторување им даваме на судиите алатка за намалување на грешките. Ова е особено важно за натпревари од Светското првенство. Сметам дека е апсурдно во денешно време секој кој гледа натпревар од каучот, да знае дали имало грешк, а судијата – не“.
„Секој судија допушта важна грешка во просек еднаш на три натпревари. Анализата ни покажа дека благодарение на системот тоа веќе се случува еднаш на 19 средби“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Поврзани артикли