Со секојдневните нездрави навики, ние несвесно го уништуваме црниот дроб, а доколку не сте сигурни дали овој орган е во добра состојба, обрнете внимание на овој симптом, советуваат експертите.
Според зборовите на лекарите, доколку чувствувате чешање на кожата ноќе, проверете го црниот дроб што е можно поскоро. Чешањето е поврзано со заболување на органот и има тенденција да се влошува доцна навечер или во текот на ноќта.
Експертите истакнуваат дека една од задачите на црниот дроб е по пат на жолчката да ги разградува и излачува супстанците кои не му се потребни на организмот. Доколку не успее во тоа, од било која причина, следниот орган кој ќе се обиде да се ослободи од жолчните соли е кожата и со тоа настанува чешање.
Како да препознаете дали постои проблем со црниот дроб?
Чешањето поврзано со заболување на овој орган не предизвикува осип и најчесто се јавува на дланките и стапалата.
Се влошува навечер, во текот на менструалниот циклус, ако земате хормонска терапија, доколку сте трудни или вашата кожа е во контакт со волна. Други симптоми кои укажуваат на тоа дека црниот дроб е загрозен може да вклучува болки во стомакот, повраќање, жолта кожа, умор и проблеми со мускулите.