Додека Chromebook уредите покажуваат знаци на забавена продажба, лаптопите со Windows го продолжуваат растот, а Strategy Analytics укажува на Windows 11 како една од причините.

Минатата година, пазарот порасна за 19% во однос на 2020 година со вкупно 268 милиони испораки. Производителите се фокусираа на лаптоп компјутерите, бидејќи тие се подобро прилагодени на хибридната работна средина, односно кога вработените треба да ја „однесат“ работата дома.

Недостатокот на компоненти се уште е проблем, но не и единствен – растат трошоците за испорака и производство. И покрај тоа, во последните три месеци од 2021 година, производителите на компјутери успеаја да ги испорачаат одложените нарачки од третиот квартал.

Microsoft може да си честита за лансирањето на Windows 11. Испораките на лаптопите во сите региони беа покренати со надградба на нова верзија. Исто така, Windows 11 SE верзијата за училишта (која е јасно насочено кон клучниот пазар на Chromebook) се покажа популарна кај производителите. Гејмингот исто така останува силна основа за Windows.

Lenovo останува водечки производител на компјутери со 16,2 милиони примероци, следен од HP со 14,5 милиони и Dell со 13,2 милиони (за 14% повеќе од годишна основа). И Apple има причина за славење – иако е цврсто на четвртото место со 6,6 милиони примероци, ова е рекорд на сите времиња за испорака на MacBook уреди.

Од топ 5 производители, сите забележаа раст во текот на 2021 година, но последниот квартал од годината покажува знаци дека пазарот забавува бидејќи само Dell и Apple успеваат да го задржат или зголемат бројот на продадени примероци, пишува BusinessWire.