Се приближува објавата на најновата флегшип Galaxy S22 серија на Samsung. Овој факт сам по себе гарантира се поголем прилив информации, а најновата пристигнува во облик на Netflix, кој индиректно го потврдува Exynos 2200 чипсетот во Galaxy S22.
Netflix отсекогаш објавувал детална листа на специфични чипсети, како и мобилни уреди кои поддржуваат HD стриминг – а Exynos 2200 е штотуку додаден на оваа листа, известува XDA Developers.
Како што веќе знаеме, корејскиот технолошки гигант долго време го развива процесорскиот чипсет Exynos 2200 специјално за употреба во Galaxy S22 серијата, а Netflix повеќе или помалку го потврди овој факт. Можеме да бидеме сигурни дека сега ќе го видиме дебито на новиот чипсет со новата серија, без страв од доцнење предизвикано од недостатокот на чипот што ќе го одложи чипот за следната генерација.
Доколку Samsung ја задржи традицијата, верзиите на S22 серијата опремени со Exynos 2200 процесор ќе бидат достапни низ Европа, додека моделите што се продаваат во САД, Кина и Индија ќе бидат „заглавени“ со моќниот чипсет Snapdragon 8 Gen 1.
Интересно е што американскиот оператор Verizon веќе некое време врши притисок врз Samsung да ја добие Exynos 2200 верзијата и за американскиот пазар. И ако Samsung го направи тоа, ова значи дека американските корисници исто така ќе имаат пристап до револуционерната технологија Ray Tracing во внатрешниот чипсет.
Поврзани артикли